НЕВИДЕНА КРАЖБА НА ЛИВЕРПУЛ ОД СУДИИТЕ ВО ГОЛЕМОТО ДЕРБИ – Премиер лигата ја призна грешката и се извини, а Јирген Клоп ги загуби нервите: “Ова го немам никогаш видено!“

Англиската судиска организација призна дека Ливерпул е тешко оштетен на дербито со Тотенхем.

Голема бура се крена меѓу јавноста на Островот по натпреварот од 7. коло од Премиер лигата меѓу Тотенхем и Ливерпул.

Тотенхем победи со 2:1 по автоголот на Џоел Матип во судиското надополнување, а натпреварот го одбележаа голем број сомнителни судиски одлуки. „Црвените“ натпреварот го завршија со двајца играчи помалку, а нивниот гол беше поништен.

Се започна во 26. минута кога Кертис Џонс доби црвен картон. Судијата најпрво му покажа жолт картон на фудбалерот на Ливерпул, но по интервенција од ВАР собата ја смени одлуката и го испрати во соблекувалната.

Ливерпул не се предаваше, во 34. минута Луис Дијаз ја затресе мрежата на Тотенхем, но голот беше поништен поради наводен офсајд, иако со голо око беше јасно дека играчот на Тотенхем Ромеро е поблиску до неговиот гол од напаѓачот на Ливерпул.

Судијата го призна голот, но ВАР собата ја промени одлуката, а подоцна (Судиска комисија) ја призна грешката.

Голот на Луис Дијаз беше поништен поради офсајд од судиите на теренот. Ова беше јасна и очигледна грешка. Голот требаше да биде доделен по интервенцијата на ВАР, но ВАР не интервенираше. ПГМОЛ ќе спроведе истрага за да ги утврди околностите кои доведоа на овие грешки“, се вели во соопштението.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека тоа не била единствената дискутабилна одлука на натпреварот. По натпреварот тој се нафрли на судиите.

Не сум видел понефер игра во животот. Горд сум на мојот тим, никогаш погорд, но никогаш не сум видел натпревар со толку многу нефер судиски одлуки“, вели Јирген Клоп.

Дадовме автогол и тешко е да се прифати, но јас сум горд. Црвен картон – Куртис ја згази топката и таа отиде во ногата на противникот. Не е за црвен картон, тоа е несреќа“, смета тој.

Ливерпул моментално е на четвртото место со 16 бодови.