ПКК ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА БОМБАШКИОТ НАПАД ВО ТУРЦИЈА – “Бесмртната бригада изврши чин на жртва!“

Работничката партија на Курдистан (ПКК) ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад што се случи утринава во Анкара, недалеку од зградата на Министерството за внатрешни работи на Турција.

Група поврзана со нашата бесмртна бригада извршила жртвуван чин против турското Министерство за внатрешни работи“ изјави за ANF вооружена група поврзана со ПКК.

 Турција и многу западни земји ја класифицираат ПКК како терористичка организација.

Министерот за внатрешни работи на ТурцијаАли Јерликаја изјави дека околу 9 часот и 30 минути утринава се случил бомбашки напад пред портите на нивното Министерство во Анкара, во кој е убиен еден од терористите.

Според него, двајца терористи дошле пред зградата на Министерството, а едниот активирал експлозивна направа, додека другиот е уапсен.

Еден од нив се разнесе, додека другиот е неутрализиран“ рекол тој. 

CNN јави дека има повредени и дека сите околни патишта се затворени. Според медиумите, турскиот парламент денеска треба повторно да заседава по летната пауза.