СЕ ИЗГУБИ НЕВИДЛИВИОТ ЛОВЕЦ Ф-35! Американската војска бара од јавноста да помогне во потрагата

Американски борбен авион Ф-35 исчезна во Јужна Каролина откако пилотот се катапултираше. Воените претставници ги повикуваат граѓаните да им помогнат да го пронајдат „невидливиот“ авион.

Потрагата по исчезнатиот Ф-35 е фокусирана на областите околу езерото Мултри и Мерион северно до Северен Чарлстон, каде што се наоѓа воената база. Пилотот безбедно скокнал од авионот и е во стабилна состојба во болница, пишува Гардијан .

Локалната конгресменка Ненси Мејс праша „како е можно да се изгуби Ф-35“.

„Дали нема уред за следење на авионот, па сега бараме од граѓаните да го најдат“, рече Мејс на социјалните мрежи.

Во потрагата бил вклучен и хеликоптер. F-35 Lightning II е петта генерација едномоторни борбени авиони со ниска набудливост, развиен од Lockheed Martin.