СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ СЕВЕРОТ ОД ИТАЛИЈА: Земјотресот беше со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава во северна Италија, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Епицентарот на земјотресот бил на 5,9 километри северозападно од Маради во регионот на Тоскана.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Следеа неколку послаби последователни потреси.

Засега нема информации за евентуални штети или жртви.