Невидена трагедија, 12 мртви, пронајдено тело и бебе: Бизнисмени изгореа до смрт откако авионот падна во џунгла (ВИДЕО)

Локалните медиуми јавуваат дека по падот на авионот во градот владее целосен метеж

Дванаесет лица загинаа во неделата кога мал авион се урна во џунглата во близина на пистата на меѓународниот аеродром во бразилскиот град Рио Бранко.

Информацијата ја потврди владата на сојузната држава Акра.

Меѓу повредените патници има девет возрасни и едно бебе. Загинаа и двајца членови на екипажот, пилотот и копилотот. Меѓу патниците имало и службеници на општина Амазонас и двајца бизнисмени, а идентитетот на останатите се уште не е соопштен.

Локалните медиуми јавуваат дека по падот на авионот во градот владее целосен метеж.

  • Засега се знае само дека жртвите изгореле, а причините за несреќата ќе ги испитаат надлежните агенции – пренесуваат медиумите.

На местото на несреќата пристигнале и возила на воена полиција и хеликоптер.

  • Владата на државата Акра изразува солидарност со семејствата на патниците и пилотот и копилотот кои биле на летот – соопштија властите и додадоа дека надлежните служби спречиле ширење на пламенот.

Помал авион со 12 патници и двајца членови на екипажот се урна пред еден месец во северната бразилска држава Амазонас, а нема преживеани. Авионот го изнајмиле американски туристи.