Невидено убиство во Албанија: Хорор поради слика со коњ, маж избоден пред очите на сопругата и децата!
Неплатена фотографија со коњ беше причината за убиството што се случи во вторник попладне во близина на тврдината во Берат, Албанија .
Жртвата, Кели Хоџа, била со својата мајка, сопруга и двете деца покрај тврдината. Ги фотографирал децата со коњот, но не му платил на сопственикот на коњот за него.
После тоа, меѓу нив дошло до расправија, која завршила трагично, пренесува Klankosova.tv .
Сопственикот на коњот, Кристо Мема, познат и како Кастриот Хоџа (63), избодел турист од Тирана пред очите на неговото семејство.
Осомничениот е уапсен, а според медиумите, тој има криминално минато во Грција.