Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан неодамна го дочекаа своето трето дете и открија дека на малото девојче му го дале името Аурелија, што е референца на римскиот император Маркус Аурелиј.
А за имињата на постарите деца, Марк најде инспирација во Рим.
Првата ќерка се вика Максима, што е форма на латинското име Максимус. Втората ќерка го носи името Август, по римскиот император Август, кого Закерберг го нарече „една од најфасцинантните личности во историјата“.
Неговата опседнатост со Рим започнала уште на рана возраст. Во интервју за Њујоркер во 2018 година, Цукерберг рече дека се заинтересирал за антички Рим додека студирал латински во средно училиште.
„Има толку многу добри, лоши и сложени фигури. Мислам дека императорот Август е еден од најфасцинантните. Со груб пристап, тој воспостави 200 години мир во светот“, рече тој тогаш.
Кога Цукерберг и Чан се венчаа во 2012 година, тие беа на меден месец во Рим.
“Мојата сопруга ме исмејуваше, велејќи дека сме тројца на меден месец: јас, таа и Август. На сите фотографии имаше различни скулптури на императорот Август”, изјави претходно основачот на Фејсбук.