Невработеноста во Германија во октомври бележи благ пораст на 5,8% во однос на 5,7% во септември и сега се наоѓа на највисоко ниво, од јуни 2021 година, соопшти Сојузната канцеларија за работа со седиште во Нирнберг.
Бројот на невработени во октомври пораснал за 30.000 лица, со што во Германија сега има вкупно 2,678 милиони невработени лица.
Највисока стапка на невработеност има во покраината Бремен, а најмалку невработени има во Баварија.