Невремето во Скопје предизвика сериозна штета во дистрибутивната мрежа, два далекуводи останаа без напон
Два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“ останаа без напон поради што дел од Скопје остана без електрична енергија, соопштија од Електродистрибуција.
Сериозна штета во дистрибутивната мрежа предизвикало невремето вчера попладне во Скопје, поради што засилени екипи на Електродистрибуција беа на терен за да го нормализираат снабдувањето со електрична енргија.
По невремето,што го зафати Скопје, корисниците добија струја, но по кратко време снабдувањето со електрична енергија прекина што се должи на штетата во дистрибутивната мрежа.