Невремето остави последици во Скопје, искршени возила, поплави во Козле, патишта блокирани од дрвја

По силното невреме што го зафати скопскиот регион, во главниот град може да се забележат искршени автомобили, паднати дрвја и блокирани патишта.

Дрво во населбата „Мичурин“ во Аеродром удрило во возилото, но за среќа дрвото го допрело задниот дел од возилото кое било во движење.

Поплава има во населбата Козле, а со вода се полни и улиците во Аеродром.