ПАНИКА НА ОСТРОВОТ! Медиумите од Велика Британија тврдат: “Хакери дошле до информации за десетици милиони гласачи!“

Постои можност хакери да дошле до информации за десетици милиони гласачи во Велика Британија откако пристапиле до регистрите на изборната комисија, пишува британскиот угледен весник The Guardian.

Изборната комисија се извини за упадот, но нагласи дека повеќето информации се објавени во јавен домен и дека имињата и адресите на лицата регистрирани за гласање помеѓу 2014 и 2022 година веројатно нема да бидат искористени од „непријателски актери“ за да влијаат врз исходот од изборите.

Комисијата го пријавила упадот до Канцеларијата на Комесарот за информации три дена по откривањето во октомври минатата година.

The Guardian пишува, повикувајќи се на Канцеларијата на Kомесарот, дека нападот не го соопштиле веднаш во јавноста бидејќи било неопходно да се реши проблемот со пристапот што го добиле хакерите, да се утврди обемот на упадот и да се работи со експерти за подобрување безбедност.

Во рацијата биле откриени копии од избирачките списоци кои комисијата ги користи за да истражува и да потврди дали се дозволени одредени политички донации. Секој од регистрите содржи информации за 40 милиони луѓе.

Хакерите добиле и пристап до системот за електронска пошта на комисијата.