Пожар во станбена зграда одзеде 15 животи во Кина

– Најмалку 15 лица загинаа во пожарот што избувна вчера во станбена зграда во Нанџјинг, главниот град на кинеската источна провинција Џјиангсу, објавија државните медиуми.

„Пожарот избувна вчера рано наутро во округот Јухутаи и во него се повредени 44 лица“, објави кинеската новинска агенција Синхуа.

Повредените се префрлени во болница.

Првичната истрага утврди дека пожарот избувнал на првиот кат од зградата, во кој биле поставени електричните велосипеди.

Минатиот месец најмалку 52 лица загинаа, а неколку се повредени во пожарите на згради и училишни дворови во провинцијата Џиангкси, односно централната провинција Хенан.