Силен дожд и град во доцните попладневни часови го зафатија градот Ресња и околните населени места во Преспа.
Од општина Ресње велат дека невремето, обилните врнежи од дожд, град и грмежи предизвикале штети кои ќе бидат регистрирани во текот на наредниот ден.
Силното невреме предизвика повеќечасовен прекин на струјата во Отешево, и уште неколку населени места, додека во градот немаше струја цел час. Најголеми штети се нанесени на јаболката, но и на другите земјоделски култури, соопшти вечерва тамошната локална самоуправа.