Невреме во Преспа и Ресeн, оштетени се јаболката и другите земјоделски култури

Силен дожд и град во доцните попладневни часови го зафатија градот Ресња и околните населени места во Преспа.

Од општина Ресње велат дека невремето, обилните врнежи од дожд, град и грмежи предизвикале штети кои ќе бидат регистрирани во текот на наредниот ден.

Силното невреме предизвика повеќечасовен прекин на струјата во Отешево, и уште неколку населени места, додека во градот немаше струја цел час. Најголеми штети се нанесени на јаболката, но и на другите земјоделски култури, соопшти вечерва тамошната локална самоуправа.