Во првиот квартал од 2025 година, бројот на живородени деца изнесувал 3.526, а во споредба со истиот период во 2024 година, е намален за 2,9 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на смртни случаи во првиот квартал од 2025 година бележи зголемување од 3,8 проценти, во споредба со истиот период во 2025 година, и изнесува 5.398 лица, од кои 15 се мртвородени бебиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -1.872, што значи дека за толкав број луѓе бројот на живородени деца е помал од бројот на смртни случаи.
Во овој квартал од годината се склучени 1.846 бракови, а нивниот број е намален за 25,8 проценти во споредба со истиот период во 2024 година. Регистрирани се 465 разводи, што претставува намалување од 22,1 процент во споредба со истиот период во 2024 година.