Неговата сопруга случајно фрлила 3,5 милиони евра во ѓубре: „Во истиот миг ми се слоши!“

Брачен пар од Велика Британија признава дека минува низ „тежок период“ откако наеднаш изгубил 3,5 милиони евра во биткоини.

Се започнало кога Ели Харт решила да ја исчисти куќата и наишла на USB стик. Беше во фиока со стари сметки, испразнети батерии, па го фрлила со другото ѓубре.

„Во иатиот момент ми се слоши“
„Претпоставував дека тоа е стар USB од моите школски денови, па не размислував многу за тоа“, рече таа.

Неколку дена подоцна, сопругот Том не можеше да го најде малото стикче и ја праша Ели дали го видела. Потоа настана општа паника.

,,Штом ми го постави прашањето, се замрзнав. Веднаш ми беше јасно. Срцето ми застана. Му реков: “Мислам дека го фрлив”. Ми се слоши во истиот миг””, рекла жената.

Сега нема ништо
„Имаше надеж, но длабоко во себе знаев дека е предоцна“, додаде Ели, опишувајќи ја нејзината грешка како „најлошата што некогаш ја направила“.

Нејзиниот сопруг купи биткоини пред 12 години, кога криптовалутата имаше многу помала вредност. Своето дигитално богатство го чувал на УСБ, но без уредот нема ништо.

„Тишината кажа сè“
„Том не викаше, не ме обвинуваше мене, но тишината кажа сè. Тие пари беа нашата иднина, куќа, патувања, сè, а јас ги фрлив во ѓубре“, заклучила жената.

Биткоин на долари

Таа признава дека е тешко да преболи сè и дека би направила сè за да го врати времето.

„Никогаш не мислев дека нешто толку вредно може да изгледа толку обично. Ако чувате пари или нешто важно на USB, ве молиме означете го, не правете ја истата грешка што ја направив“, рече Ели.