НЕГОВИОТ ТАТКО Е УБИЕН ЗАЕДНО СО АРКАН – Тој важеше за најбогатото дете во 90-тите години во Југославија, ‘тежел’ 4.000.000 евра, а преку ноќ загубил се
Срцето на познатата српска водителка, Марина Котевски, го освои Александар Мандиќ, синот на Миленко Мандиќ, кој го загуби животот заедно со Жељко Ражнатовиќ Аркан на 15. јануари 2000 година.
По смртта на неговиот татко, спортскиот менаџер наследил огромно богатство и со тоа станал богато дете, кое на само седум години имал автомобил, брендирана гардероба итн.м а наследил и многу недвижен имот.
Српските медиуми пишуваа дека има и вила на Авала, која подоцна ја продал на фудбалер, а исто така имал и седум стана…Неговото богатство се проценувало на четири милиони евра. Меѓутоа, за пет години Александар Мандиќ потрошил се, бидејќи, како што еднаш рекол, улицата го зела под своја закрила.
Александар Мандиќ денес е во среќен брак со Марина Котевски. Тие се венчаа во мај 2016 година, а во 2017 година станаа родители. Пред неа тој беше во врска со нејзината колешка Маријана Миќиќ.
Во една прилика Александар Мандиќ во интервју за српските медиуми признал дека изгубил се.
„Јас го поминав и она познатото – ‘Да имаш, па да немаш’, а најлошо е кога треба да разговараш со некого, покрај сметките од 30, 40 илјади марки во бутици за брендирани артикли и излети во градот од по 2-3 илјади евра, друго ништо не ми остана…Тоа е животот!“ заклучило најбогатото „дете“ од деведесетите во Југославија.