Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, вели дека недостигот на одредена терапија за болните од рак се должи на промените во системот за јавни набавки, но предупредува дека пред велигденските празници сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини.
„Годишната јавна набавка во моментов се спроведува, беше отворена минатиот петок, но поради технички проблеми во Бирото за јавни набавки, односно промена на системот е одложена. Тендерот е отворен, чекаме проверка од Бирото за јавни набавки и пред Велигденските празници сите лекови ќе бидат во стабилни количини во стабилно количество“, рече Клековски за следниот дел на набавка на терапијата за пациентите кои боледуваат од канцер.
Клековски учествуваше на панелот за зголемување на капитулантскиот бод во примарната здравствена заштита, на кој се вклучени матични лекари од областа на општа медицина, гинекологија и општата стоматологија.