„Независни заедно“: Билјана Ивановска влегува во трката за градоначалничка за Општина Центар

Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“, ќе ја претстават жената борец за правда и антикорпуционерка и една од најреспектабилните јавни личности, Билјана Ивановска, како независна кандидатка за градоначалничка за Општина Центар.

Во објавата се вели дека Ивановска е поддржана од иницијативите „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „Групација 398“.

Ивановска ќе одржи прес-конференција за објавување на својата кандидатура на просторот пред фонтаната Лотус на влезот во Градски Парк во 09:30 часот.