НЕЗАДОВОЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА: Зголемувањето на минималната плата за 82 центи наречено „лоша шега“
Министерот за труд Хубертус Хајл го потпиша указот за минимална плата според предлогот на мешовитата комисија на работодавачи и вработени за минимална плата за 82 центи
Оваа среда, германската влада ја официјализираше одлуката за зголемување на законски загарантираната минимална плата за 82 центи , на 12,82 евра на час. Првиот дел од ова зголемување стапува на сила во јануари и ќе изнесува 12,41 евро, а вториот дел ќе биде на почетокот на 2025 година.
Министерот за труд Хубертус Хајл го потпиша указот за минимална плата според предлогот на мешовитата комисија на работодавачи и вработени за минимална плата, како што се очекуваше. Вкупниот пораст одговара на стапка од 6,8 отсто. Претставниците на работниците во комисијата не беа задоволни од предлогот, го одбија и побараа поголемо зголемување, но беа надгласани, пишува германскиот haufe.de.
Од ова зголемување не се задоволни ниту некои политичари од владејачката коалиција на Социјалдемократската партија на канцеларот Олаф Шолц, Зелените и либералната ФДП.
Заменик-шефот на пратеничкиот клуб на Зелените, Андреас Аудреч, за агенцијата ДПА изјави дека зголемувањето „не е ништо повеќе од лоша шега“ и заклучил дека луѓето кои работат напорна работа заслужуваат многу повеќе.
Одрех ја критикуваше комисијата дека првично објавила едногласен договор, а потоа отстапила. Комисијата беше на удар минатиот месец поради истата причина од Шолц, барајќи идните одлуки за платите да бидат резултат на договор со поддршка од консензус.
Комисијата за минимална плата одлучува
Одлуката за зголемување на минималната плата најчесто ја носи независна комисија за минимална плата која е специјално формирана за таа цел. Целта е да се носат одлуки ослободени од политичко влијание и да се одредува износот на секои две години. Покрај претседателот, комисијата ја сочинуваат тројца претставници на синдикатот и работодавачот, како и двајца научници советници.
Кога го препорачува нивото на минимална плата, комисијата се потпира на трендовите на колективното договарање. Следното зголемување со сила од 1 јануари 2024 година и 1 јануари 2025 година повторно беше „во нивни раце“.
Законската минимална плата генерално се однесува на сите вработени возрасни лица. Минималната плата не се применува само во неколку исклучоци. Лицата кои долго време се невработени немаат право на минимална плата во првите шест месеци по започнувањето со работа. Не важи ниту за специјализантите, за кои има минимален надомест за обука на приправник. Ниту оние кои вршат задолжителна или доброволна пракса помала од три месеци не можат да бараат минимална плата. Дополнително, во неколку сектори има колективно договорени минимални плати кои се над законскиот минимум.