Незаменлив летен десерт: Домашен сладолед од 3 состојки

Овој домашен сладолед од 3 состојки ќе ви стане најомилениот десерт.

Потребни состојки:

600 мл густ јогурт

4 лажици мед

400 гр боровинки

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, 300 гр додајте ги во блендер, 100 гр од овошјето оставете го за подоцна.

Изматете го јогуртот со мед и изблендираното овошје, а потоа додајте го и остатокот од овошјето. Добиената смеса ставете ја во модлите за сладолед, ставете стапчиња и оставете го сладоледот во фрижидер најмалку 4 часа, а најдобро е да отстои преку ноќ.