Незгоден момент за Трамп: Се сопна додека влегуваше во претседателскиот авион (видео)

Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа непријатен момент кога се сопна додека се качуваше во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“.

Во момент што стана вирален на социјалните мрежи, Трамп се заглави на скали додека се качуваше во авионот, но успеа да се „собере“ и продолжи да се искачува кон вратата.

Споредбите со истата ситуација во која се најде неговиот претходник Џо Бајден веднаш започнаа на социјалните мрежи.

Она што е особено интересно е што Трамп го користеше овој материјал во својата изборна кампања.

Снимката од Бајден како се сопнува додека се качува во авионот беше искористена од кампањата на Трамп во јуни минатата година, кога Бајден сè уште беше кандидат на Демократската партија за претседател.

Во таа ТВ реклама, кампањата на Трамп сакаше да покаже дека Бајден е физички неподготвен за работата претседател на САД, иако тоа е ситуација што може да му се случи на секого, вклучително и на сегашниот американски лидер.