“НЕКА ОДАТ ВО ПЕКОЛОТ!“ – Палестинците ги загубија нервите: Додека цивилите умираат, лидерите на Хамас се кријат во тунели

Сè што остана од Појасот Газа, де факто, се урнатини. Според последните проценки, речиси 85 отсто од палестинските цивили таму ја замениле топлината на своите домови со ад-хок шатори односно населби на југот на Појасот Газа. Невладините организации на терен предупредуваат на огромен недостиг од храна, вода, медицински материјали, па дури и хигиена. Досега се убиени најмалку 15.000 цивили, а повеќе од две третини од нив биле жени и деца.

За тоа време, како во земја да пропаднаа лидерите на Хамас, терористичката организација која владее со Појасот Газа 16 години. Сè додека нема потреба од лансирање ракети во Израел, нивните борци се кријат во безбедноста на сложената мрежа од подземни тунели, истите до кои несреќните палестински цивили немаат пристап. Имаат струја, вода, медицински материјали, а можеби и најважното од се – оружје.

Палестинскиот отпор мораше да донесе тешка стратешка одлука и да прифати бројни цивилни жртви, но ние сме на мислење дека откажувањето од палестинското прашање на долг рок би било неспоредливо поскапо решение за нашиот народ“, коментираше еден од претставниците на Хамас, Ахмад Абдул-Хади минатата недела во ресторан во Бејрут, во кој неколку Палестинци го коментираа текот на војната, пишува New York Times (NYT).

Се проценува дека Хамас моментално располага со околу 25.000 борци. Израелските власти тврдат дека неколку илјади веќе се убиени од почетокот на офанзивата во Појасот Газа. Сепак, ИДФ сè уште не ги откри и елиминираше врвните лидери на Хамас, како Јахја Сивар и Мохамед Деиф, за кои веруваат дека се архитекти на терористичкиот напад на 7. октомври оваа година.

илустрација

Зошто се кријат ? Нека одат во пеколот каде што им е местото“, коментира неидентификуван Палестинец од Појасот Газа за време на интервју за тамошните медиуми.

Јавната критика кон Хамас, всушност, може да го чини живот.

Но, иако има многу Палестинци кои се навистина огорчени од раководството на Хамас за терористичкиот напад врз Израел, повеќето се обединети од колективниот гнев поради бруталниот одговор на Израел, кој го воспостави Хамас како лидер на палестинскиот национализам.

Сега тие ги држат картите“, тврди Абдалџавад Хамејел, професор на Универзитетот „Бирзеит“, кој тврди дека со терористичкиот напад и успешното ослободување на 240 Палестинци од израелските затвори, Хамас успеа да ја засени меѓународно признатата палестинска власт, чија популарност рапидно опаѓа во последниве години поради корупциски скандали и соработка со Израел.

И додека по цели два месеци војна, ИДФ сè уште не е ни блиску до првичната цел, „тотална елиминација на Хамас“, тие станаа првата палестинска организација што доби одредени отстапки од Израел во последните години и успеаја во тоа. Како еден вид шлаг на тортата, тие успеаја да ги загрозат билатералните договори што изминатите години Израел ги потпиша со арапските земји.

Неконвенционалните сили секогаш ќе имаат одредена предност во битката, особено ако се немилосрдни како Хамас и не се грижат за огромниот број сопствени цивилни жртви“, објаснува за NYTАхмед Фуад Алхатиб, аналитичар на блискоисточните политичари од Појасот Газа.

Тој смета дека Израел може да биде „заглавен“ во невозможна војна.

Продолжувањето на војната ќе му нанесе сериозен економски удар на Израел. Да не зборуваме за штетата на нивниот меѓународен углед. Исто така, конфликтот ќе поттикне цела нова генерација Палестинци да го мразат Израел, а сето тоа е директна придобивка за Хамас“, објаснува Ахмед Фуад Алхатиб.

Џон Алтерман, виш потпретседател на Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, кој објави студија набргу по почетокот на војната во Појасот Газа под името – „Израел може да изгуби“, се согласува со неговата проценка.

Во нејзе, тој истакна дека не е премногу веројатно Хамас да победи на воен план, но долгорочно, војната може да послужи за пошироките цели на терористичката организација, како што е меѓународната изолација на Израел или сензибилизирањето на глобалната јавност за палестинско прашање.