Некогаш беше сиромашно дете а денес е најбогат Црноготец: Нема шанси да погодите кое е момчето на фотографијата! (фото)
По основното и средното музичко училиште „Васа Павиќ“ влегол во Музичката академија во Цетиње, на насока музичка теорија.
Има двајца браќа Игор и Срѓан со кои е многу близок. Татко му Слободан, некогаш познат автомобилски и рели возач, и мајка Драгица, по професија фармацевт, му го купиле првиот клавир на рати.
Поради лошата финансиска состојба набрзо морале да го продадат споменатиот инструмент, а пејачот продолжил напорно да вежба на училиште и не се откажал од својот сон еден ден да стане познат.
Музичката кариера ја започна како член на групата „Vatrena srca“, а по фестивалот „Sunćane skale“ започнаа неговите соло настапи, а потоа следеа деловни успеси и хитови вон серија.
Неговото срце го освои убавата Кристина, на која и’ го посвети првиот албум кој го носи нејзиното име.
По долга борба за потомство, двојката посвои девојче Лола во 2010 година, а Мила две години подоцна.
Хармонично и среќно семејство е неговиот најголем успех, а досега сигурно знаете дека пејачот од колумната е никој друг туку Сергеј Четковиќ.