Некогаш беше убавицата која сите мажи ја посакуваа покрај себе: Го напушти актерството, а потоа нејзиниот сопруг беше обвинет за злоупотреба (фото)
Бриџит Фонда остави голема трага во филмската индустрија пред неколку децении, а потоа тивко го напушти Холивуд – засекогаш.
Таа беше фатална убавица и беше на врвот на популарноста кога реши предвреме да се пензионира. Во пензија се посветила на семејството, односно на воспитувањето на синот Оливер, кој го имала со сопругот, музичарот Дени Елфман (68), со кој е во брак од 2003 година.
Нејзиниот сопруг Дени Елфман беше обвинет за сексуално злоставување, злоупотреба на моќта и мастурбирање на жена која спиела до него. Две различни жени го обвинија за злоупотреба, додека тој се согласи да плати 830.000 долари за една тужба.
Двајцата останаа во брак далеку од очите на јавноста, а фотографиите на популарната актерка шокираа многумина. Нејзиното тело беше буквално деформирано. Освен што се здебели, лицето на актерката изгледа значително поинаку и како да остарела предвреме. Нејзините папарацо фотографии кои се појавија во последните години шокираа многумина. Како да нема ни трага од некогашната убавица.
Актерката беше номинирана двапати за Златен глобус, во 1990 година во категоријата за најдобра споредна женска улога во филмот „Скандал“ и во 2002 година во категоријата за најдобра главна актерка во минисерија и ТВ филм за нејзината улога во ТВ филмот „По Ејми“.