Некогаш најголемиот секс симбол: И без шминка е во едно од најелегантните изданија досега 

Во Њујорк се одржа церемонијата на доделување на престижните награди „Жена на годината“, на која присуствуваше и Памела Андерсон.

Познатата актерка Памела Андерсон (57) се појави на доделувањето во Њујорк и по тој повод блесна на црвениот тепих без шминка, сосема природно.

Познатата убавица се појави во долг фустан со ракави кои ја следат должината на фустанот, додека деколтето е обложено со ситни кристали. Исчешланата коса и препознатливата насмевка беа единствените додатоци кои актерката ги понесе со себе, а многумина се уште се воодушевени од нејзиниот изглед без шминка.

Памела пред години важеше за секс симбол, а изгледа многумина очекуваа оваа жена да престане да старее. Поради нејзиниот промотивен изглед и појавувањето без шминка, таа често беше мета на остри коментари дека изгледа „како баба“.

И овој пат не недостигаа негативни коментари за негуваниот и природен изглед на актерката која ужива во годините и гордо ги истакнува.