Некогаш секс-бомба, сега речиси непрепознатлива: Седи на тротоар, изгледа изгубено…

61-годишната ѕвезда од популарната серија Melrose Place and Dynasty беше облечена во црно, косата и беше неуредна и пуштена, а лицето и беше отечено и надуено.

Некогаш многу привлечната американска актерка Хедер Локлир изгледаше прилично придушено и целосно замислено на еден од нејзините ретки јавни излегувања.

Имено, папараците ја снимиле додека отсутно седи на тротоарот покрај патот и чека превоз. Не грижејќи се за минувачите, дури ни за камерите, 61-годишната ѕвезда од популарните серии Мелроуз Плејс и Династија беше облечена во црно, косата и беше несредена и пуштена, а лицето отечено и надуено.

Седела на тротоарот повеќе од половина час додека нејзиниот вереник Крис Хајсер не дошол да ја земе и да ја однесе со својот теренец.

Дури кога го видела автомобилот на нејзиниот вереник, поранешен возач на мотокрос, Хедер се разбудила и му се насмеала. Таа ја зеде својата голема чанта од Луј Витон, ја префрли преку рамо, скокна во автомобилот и парот тргна во непознат правец.

Инаку, Хедер Локлир беше уапсена во февруари 2018 година за семејно насилство бидејќи, како што објавија американските медиуми, го претепала својот вереник, а само неколку месеци подоцна ги нападнала и нејзините родители. Оттогаш, таа ретко се појавуваше во јавноста.