Некогаш умирала за него, а сега поради него плука по мажите на сите ѕвона: Ги предупредувала и жените
Во неодамнешното интервју за „E! News“, актерката Меган Фокс сподели неколку корисни совети за слободните жени.
Таа истакна дека жените „не треба да ја трошат својата енергија на мажите“, а според „Дејли мејл“, оваа изјава доаѓа само еден месец откако ја раскина свршувачката со американскиот рапер Машин Ган Кели.
„Не знам дали сум вистинската личност да давам совети, бидејќи ова е обично мој совет – научете некоја вештина, почнете да се занимавате со вашето хоби и да – не трошете ја вашата енергија на мажи“, изјави таа за Е .
Успешната актерка и мајка на три момчиња потоа продолжи:
Само ќе те исцрпат, само тоа прават. Продолжи, инвестирај во себе“, заклучи таа.
Да потсетиме, 37-годишната актерка и американскиот рапер ја раскинаа свршувачката пред еден месец, а Фокс ја потврди оваа информација во подкастот „Call Her Daddy“.
“Она што можам да го кажам е дека тој е мојата душа близнак и секогаш ќе бидам врзана за него без разлика на се. Освен тоа, не сум подготвена да ги објаснувам деталите”, рекла тогаш Меган.