Основниот кривичен суд денеска ја соопшти пресудата за тринаесет велешани кои се обвинети за сексуална злоупотреба на 14-годишно девојче.
Судот ги прогласи за виновни обвинетите, сите се на возраст од 20 до 30 години.
„С.Д. е осуден на затворска казна од 5 години и 6 месеци, Д.С. и Д.Н. осудени на 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. добиле затворска казна од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В. затвор од 1 година и 6 месеци, К.Т., со 1 година и 3 месеци затвор, додека обвинетиот Б.К. е осуден на условна затворска казна во траење од 2 години, која нема да се примени доколку во наредните 5 не стори ново кривично дело.
Осудените лица се должни да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетиот.
Воедно, судот на првите петмина осудени им одреди куќен притвор до завршување на постапката.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во јануари годинава го објави случајот во кој првоосомничениот, 25-годишниот велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, упатувал закани кон детето- жртва, им овозможил на други осомничени и други непознати лица да извршат полови дејствија со жртвата. Овие дела вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.
Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата „Инстаграм“ комуницирал со четиринаесетгодишното девојче и го измамил дека ќе започнат љубовна врска. На првиот состанок бил направен порнографски материјал кој потоа го користел како закана за да ја натера жртвата да доаѓа на други состаноци.
Забавата се одвивала во станови на повеќе локации во Велес, каде учествувале многу луѓе кои прво конзумирале дрога и алкохол, а потоа извршиле полови дејствија врз детето.