Неколку лица се затруле со хлор во хотелски базен во Охрид

Неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен во хотел на брегот на Охридското Езеро манифестирале знаци на труење со хлор. Настанот вчера во 19:55 часот бил пријавен во СВР Охрид.

-Притоа, во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје. За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид, се вели во соопштението од СВР Охрид и се додава дека се работи на расчистување на случајот.