НЕМАЊА ГУДЕЉ ЈА ПОКАЖА НОВАТА ФРИЗУРА! Фудбалерот не ги трга рацете од Анастасија, а ова се првите резултати од трансплантацијата! (ФОТО)

Фудбалерот Немања Гудељ, момче на пејачката Анастасија Ражнатовиќ, неодамна замина на трансплантација на коса во Турција. Гудељ потоа покажа и како изгледа целиот процес на подготовка пред трансплантација на коса, а лекарите од клиниката срдечно го пречекаа фудбалерот на Севиља.

Имено, неговата девојка Анастасија Ражнатовиќ сега сподели нивна заедничка слика на својата инстаграм приказна и резултатите од фризурата на Немања се неверојатни.

Додека Гудељ ја гушка и бакнува Анастасија, сите забележаа дека неговата коса прилично порасна по третманот на кој беше подложен и дека не личи на себе, со оглед на тоа што до неодамна имаше специфична фризура.

Покрај тоа, Анастасија блесна во гламурозно издание и по којзнае кој пат ги воодушеви сите свои следбеници кога покажа колку таа и Немања се сакаат и уживаат во дружењето.

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ неодамна го загубија своето бебе, а тажната вест ја објави на социјалните мрежи. Анастасија тогаш беше бремена во петтиот месец и реши целосно да се повлече од јавноста, па го деактивираше својот профил на Инстаграм.

Сепак , Анастасија неодамна пријатно ги изненади сите, кога реши да го врати профилот и веднаш јавно се обрати до Гудељ. Таа објави серија слики и му честиташе за освојувањето на трофејот .