Нема да ги отстранувам таблите Северна Македонија, но ќе го употребувам само Македонијам, истакна Силјановска
Гордана Силјановска-Давкова вчера порача дека доколку стане шефица на државата, ќе го почитува новото уставно име Република Северна Македонија, но нема да го употребува.
„Нема да ги тргам таблите пред институциите и на меѓународните конференции или во билатералните средби -далеку од тоа. Говорам за себе. Правото на самоопределување е и лично право. Ќе употребувам Македонија и никогаш нема да создадам конфузија бидејќи нема да правам дистинкција меѓу Република Јужна Македонија. Таква нема.
Јас ќе си зборувам Македонија, македонски, македонско. Република Северна Македонија нека стои пред мене, сепак за мене тоа прашање никогаш нема да биде затворено. Не може никој мене да ми рече што ќе употребувам, тоа е сократовски“, истакна кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ.