Нема да има копнена офанзива? Израелската армија се подготвува за нова фаза од војната која „можеби е поинаква“ (ФОТО)

Израелската војска се подготвува за следната фаза за напад против Појасот Газа, но нејзините планови можеби нема да одговараат на широко распространетите очекувања за копнена офанзива што ќе следи во секој момент.

Ројтерс пренесува дека ова денеска го соопштил Ричард Хехт, портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ).

– Се подготвуваме за следните фази од војната. Не кажавме какви ќе бидат. Сите зборуваат за копнена офанзива. Можеби ќе биде нешто поинаку – рече потполковникот Хехт на редовниот брифинг со новинарите.

ИД претходно објави видео кое на некој начин е баран за лидерот на палестинската екстремистичка организација Хамас, која го контролира Појасот Газа.

Клипот беше објавен на официјалниот профил на ИД на социјалната мрежа Х.

– Јахја Синвар е директен непријател на државата Израел, а неговата геноцидна терористичка организација Хамас е закана за целиот свет – пишува во објавата што ја придружува видеото.