Нема да им биде лесно на Русите: НАТО им дозволи на Украинците да ги користат своите радари и авиони AWACS за гаѓање цели
Украинските воздухопловни сили и првенствено западните авиони Ф-16 и Мираж 2000 добија пристапни кодови до системот за комуникација и интеграција на НАТО познат како Линк 16.
Украинскиот авион ќе биде опремен со системски интерфејс CRC, кој ќе овозможи координација и контрола помеѓу украинските борбени авиони, како и помеѓу украинските авиони и авионите на НАТО.
CRC е најсеопфатниот канал за податоци на НАТО, кој поддржува размена на информации во реално време помеѓу различни командни и контролни елементи.
Освен размена на информации меѓу авиони, пренос на податоци е можен и меѓу воени бродови. Во пракса, ова ќе значи дека украинските авиони ќе бидат поврзани со сите радарски системи на НАТО, и на копно и на море.
Исто така, пристапот до Линк 16 ќе ѝ овозможи на украинската воздушна одбрана, која користи западни системи, да ги таргетира и уништува непријателските авиони и крстосувачките ракети на подолги растојанија.
Од особена важност е улогата на шведските авиони AWACS Saab 340, кои како авиони за рано предупредување ќе имаат улога на „летачки радар“ што може да го следи рускиот воздушен простор од територијата на Полска и да им обезбедува на украинските пилоти информации за цели.
Со оваа тактика, украинските авиони ќе можат да погодуваат руски авиони и ракети на значително подолги растојанија.