“НЕМА ДА КАЖАМ ДЕКА РУСИЈА МОЖЕ ДА ПОБЕДИ, ЗАТОА ШТО НЕ МОЖЕ!“ – Александар Вучиќ ги изнервира Србите и најави големи притисоци врз Србија: “Ситуацијата не е лесна…“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово зборуваше за неговата претстојна посета на Будимпешта, но она што го привлече вниманието на пошироката јавност во регионот е темата Русија-Украина.
Александар Вучиќ во интервју за РТС зборуваше за односот на Србија кон војната во Украина.
„Очекувам дека ќе се соочиме со бројни проблеми бидејќи ситуацијата во Украина е таква што е јасно дека не можете лесно да ја победите Русија во битка. Нема да кажам дека Русија може да победи, бидејќи не може…“, вели Александар Вучиќ, коментирајќи ја војната во Украина и додавајќи дека притисокот врз Србија ќе биде посилен за наметнување на санкции кон Русија.
„Сите зборуваа за текстовите во CNN против Србија и мене, како и за текстовите на други светски медиуми. Објавени се шест текстови, со иста содржина. Александар Вучиќ е виновен затоа што ги поддржува Србите. Што се случи во тие пет дена, што направивме ? Никој ништо. Се гледа дека се работи за организирана кампања, подготовка за она што следува од следната недела. Очекувам најтешкиот притисок досега за воведување санкции против Русија“, кажа Александар Вучиќ.
Претседателот на Србија вели дека ќе продолжат „лагите“, како оние дека Србија извезува оружје во Русија.
Александар Вучиќ кажа дека со години слуша приказни за изолација на Србија.
„Србија никогаш не била изолирана, ниту можете да ја изолирате, бидејќи водиме сериозна и одговорна политика, но ситуацијата не е лесна“, заклучува Александар Вучиќ.