Нема детали кога точно и во кој формат ќе биде средбата Ковачевски-Мицковски

– Средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не се знае точно кога ќе се одржи, ниту пак во кој формат ќе биде. Ковачевски најави средба со Мицковски и со тимовите од двете страни, а Мицковски вчера изјави дека преферира тет-а-тет средба затоа што според неговото искуство од тимските средби никогаш не произлегуваат заклучоци. 

Ковачевски во четвртокот најави дека наредните денови ќе се одржи средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која ќе присуствуваат и тимови од двете страни, додека Мицковски вчера изјави дека инсистира на средба само со Ковачевски.

Теми на разговор, како што најави Ковачевски, би биле одлуките што се потребни за европската интеграција на државата, додека Мицковски смета дека треба да се разговара и за тоа што доколку уставните измени не ја добијат потребната поддршка. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да гласаат за овие измени и дека треба да се оди на есенски избори. 

– Ќе повикам на лидерска средба, а темите ќе бидат одлуките што треба да се донесат за продолжување на европските интеграции на државата и зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, како и темата за односите со соседите бидејќи добрососедските односи се едни од најзначајните за европските интеграции. Средбата треба да се одржи во текот на наредните денови и за сите детали ќе може да информираме заедно со сите учесници на средбата, рече Ковачевски во четвртокот во телевизиско гостување.

Одлуката за уставни измени е одлука за членство на државата во ЕУ, а сите политички партии имаат одговорност да обезбедиме европска иднина на граѓаните. Иако опозицијата реши да не учествува

Мицковски, пак, во емисијата „360 степени“ рече дека преферира средба само со Ковачевски. 

– Моето искуство покажало дека на таков широк формат на средби, не лидерска, туку тимска средба, никогаш не се носеле заклучоци. Тоа е повеќе ПР-егзибиција, да поминат неколку часа разговори на оваа или на онаа тема, да излеземе пред новинарите, да дадеме изјави и практично, освен спектакл за јавноста, воопшто ништо нема да значи таа средба. Јас, напротив, сметам дека во овие моменти, кои се суштински за државата, е потребно после една таква лидерска средба треба да излеземе со некаков заклучок, рече Мицковски.

Според него, доколку постои инсистирање наместо лидерска да има тимска средба, тогаш предлогот е прво да се организира средба меѓу тимовите, да се видат позициите, а потоа да се сретнат лидерите на двете партии.

Вели дека има две опции за кои би требало да се разговара – едната се уставните измени и втората што доколку не успее овој процес. 

Од СДСМ вчера на прес-конференција порачаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа пред одлука – дали ќе ја поддржи интеграцијата на државата или изолацијата.

-Изборот е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција ниту шанса да добиеме подобар договор од овој што го имаме. А видоа граѓаните како изгледа изолација од 2006 до 2016 година, заробена држава без перспектива, режим, уназадена земјата која не напредува, рече портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак одговорија дека на лидерската средба, доколку ја има, ќе стане јасно дали Ковачевски е, како што велат, полтрон на ДУИ.

– На лидерската доколку СДС престане со детските игри и воопшто ја има, ќе стане појасно дали Ковачевски е полтрон на ДУИ или не, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното соопштение.

Во изминатиот период, повеќе европски државници дадоа поддршка земјата да продолжи по европскиот пат, нагласувајќи дека државата се наоѓа пред тешка, но државничка одлука и дека таа одлука е обврска на секој пратеник поединечно. 

Во Владата вчера се одржа и средба меѓу премиерот Ковачевски и американската амбасадорка во земјава Анџела Прајс Агелер на која, како што информираше владината прес-служба, е разговарано за суштинските прашања во врска со напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите и е посочено на важноста – сите политички партии во државата да го поддржат европскиот пат на државата.

Prime Minister Dimitar Kovacevski met Friday with the US Ambassador Angela Price Aggeler and discussed crucial issues regarding the progress of North Macedonia in the European integration, wh

Притоа, како што стои во информацијата од Владата, изразено е очекувањето дека сите политички лидери ќе го имаат предвид актуелниот контекст на случувања и дека во таа насока и ќе се носат и претстојните политички одлуки во Собранието.

Во неделата што измина, Предлог-иницијативата за уставни измени беше во Министерството за правда каде се проверуваше од номотехнички аспект, а потоа требаше да биде дадена на превод на албански јазик. Од Министерството за правда тогаш за МИА изјавија дека откако ќе биде подготвена, Предлог-иницијативата ќе биде доставена до Владата. 

Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување беше усвоена од страна на надлежната работна група со која претседава Маргарита Цаца Николовска. 

Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. После бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ, изјави по состанокот Цаца Николовска.  

Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во амандманот 34 кој е заменет со член 49 и амандманот 2. Во овој амандман на Уставот на Република Северна Македонија со кој се заменува членот 49 и амандманот 2, после бошњачкиот народ се додаваат зборовите бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ.