НЕМА КРАЈ НА СКАНДАЛИТЕ ВО ЈУВЕНТУС – Фудбалер обвинет за обложување

Пол Погба беше обвинет за допинг, а друг фудбалер на ЈувентусНиколо Фаџоли, е под истрага за обложување!

Италијанските медиуми денес открија нова афера во славниот клуб.

Имено, Николо Фаџоли наводно се обложил на нелегални платформи, што е забрането со закон во Италија.

Интересно е што Николо Фаџоли сезонава почна да добива се повеќе шанси од тренерот. Тој одигра шест натпревари и забележа една асистенција во Серија А.