НЕМА КРАЈ НА ТРАНСФЕР ЛУДОТО! Кристијано Роналдо добива огромно засилување – Манчестер Сити ја прифати понудата од Ал Наср!

Ал Наср комплетираше уште еден спектакуларен трансфер!

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорте, кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Актуелниот европски шампион ја прифати понудата на клубот за кој настапува славниот Португалец Кристијано Роналдо, а Емерик Лапорте ќе биде вториот фудбалер на Манчестер Сити кој летово ќе се пресели во Саудиска Арабија

Пеп Гвардиола решил да ја освежи одбранбената линија на тимот и со доведувањето на Јошко Гвардиола јасно и стави до знаење на Емерик Лапорте дека повеќе не смета сериозно на него, па реши да најде нов предизвик во кариерата.

Се шпекулираше дека тој би можел да премине во редовите на Арсенал, сепак Ал Наср се вмеша со понуда која не можеше да се одбие.