НЕМА КРАЈ НА УЖАСИТЕ ВО СРБИЈА! Уапсена 14-годишна девојка која им се заканувала на соучениците за време на час и го величела ликот на Коста К. – во нејзиниот дом пронајдено оружје !?
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија во Нови Сад уапсија девојка (14 г.) од околината на тој град поради основано сомнение дека сторила кривични дела загрозување на безбедноста, предизвикување паника и неред, како и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материјали, објавуваат српските медиуми.
Осомничено е 14-годишно девојче која им се заканувала на соученици на час, а на социјалните мрежи му пружила поддршка на детето-монструм односно осомничениот за убиствата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, објави Министерството за внатрешни работи на Србија, пренесуваат соседните медиуми.
Малолетничката, заедно со кривичната пријава, е изведена пред надлежниот судија на суд во Нови Сад, кој по рочиштето и одредил мерка притвор до 30 дена.