НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ! Макрон свика итен кризен состанок – во Франција владее хаос

Ситуацијата мора да се смири во следните неколку часа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. За време на синоќешните немири уапсени се 150 лица, а повредени се повеќе од 20 полицајци.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека нападите врз институциите се неоправдани за време на демонстрациите по убиството на тинејџер од страна на полицијата.

– Во следните неколку часа ситуацијата мора да се смири – изјави Макрон, пренесува BFM TV.

Тој свика вонреден состанок на владата во врска со ноќните насилства. Тој додаде дека е неопходно да се подготвиме за следните неколку дена.

Претходно францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен соопшти дека во неколку француски градови каде синоќа избија протести поради полициска бруталност се уапсени 150 лица.

Тој рече дека демонстрантите нападнале градски сали, училишта и полициски станици. Француското МВР претходно соопшти дека за време на немирите полесно се повредени 24 полицајци, а демонстрантите запалиле околу 40 автомобили. Потсетуваме, во вторникот наутро, полицаец уби 17-годишник при контрола во Нантер, предградие во западниот дел на Париз, бидејќи младиот човек одбил да го запре автомобилот.