Нема поголемо признание – Пеп Гвардиола е прогласен за тренер на годината во Премиер лигата: “Ова е неверојатен фудбалски клуб!“

Пеп Гвардиола е прогласен за менаџер на годината во Премиер лигата од страна на Здружението на менаџери на лигата (LMA) во вторникот, откако го предводеше Манчестер Сити до петтата титула во англиската Премиер лига.

Пеп Гвардиола го одведе Манчестер Сити до нивната петта лигашка круна во шест сезони, а клубот сè уште треба да игра во финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед во сабота и финалето во Лигата на шампионите против Интер една недела подоцна.

Јас сум во неверојатен фудбалски клуб и без сета поддршка што ја имав за време на мојот престој овде, ова не би било можно“, изјавил Пеп Гвардиола.

Конкуренција на Пеп Гвардиола за наградата LMA беа Микел Артета од АрсеналРоберт Де Зерби од Брајтон и Еди Хау од Њукасл Јунајтед.