НЕМА ПРЕКИН НА ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА! БЛИНКЕН СТАВИ ТОЧКА: Откри што е потребно за преговори

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека нема да има прекин на огнот и дека Русија не е подготвена за преговори.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја отфрли можноста за преговори за прекин на огнот меѓу Русија и Украина во овој момент . Своето гледиште тој го искажа во интервју за медиумската група „Функе“, чиј дел беше објавен во саботата. „Русија мора да достигне точка каде што е подготвена да влезе во конструктивни преговори “, рече Блинкен како одговор на прашањето за можноста за мировни преговори меѓу Москва и Киев.

Целта, рече тој, „ треба да биде праведен и траен мир“ и траен мир. „Русија би можела да ги прегрупира своите трупи и по некое време повторно да нападне“, изјави американскиот државен секретар.