– Премиерот Андреј Пленковиќ ја има довербата на хрватскиот Сабор и стабилно мнозинство, потврдeно е денеска со гласањето за импичмент на премиерот, кое го побара опозицијата, на иницијатива на Татковинско движење. За импичментот гласаа 56 пратеници, 77 беа против, а еден воздржан.
Против импичментот гласаа 77 пратеници, со што порачаа дека повиците на опозицијата до премиерот се неосновани, а тој добро си ја врши работата.
Парламентот минатата недела расправаше за импичмент на премиерот. Во маратонската расправа опозицијата го прозва за бројни афери. Таа го обвини и за затворањето на рафинеријата во Сисак, за неспроведување реконструкција по земјотресот, за неспроведувањето на здравствената реформа…
Владата ја отфрли одговорноста на премиерот за корупциски скандали и отсуството на реформи, а со него, како што се покажало во расправата, цврсто стои парламентарното мнозинство.
Тоа е првпат од октомври 2016 година, кога Пленковиќ ја презеде премиерската функција, во Парламентот да се расправа за негова доверба.