Нема спиено 62 години: Лекарите немаат објаснување за неговата инсомнија: Сè започнало со траума, а секоја вечер прави една иста работа (видео)
Често, поради обврските и брзиот начин на живот, не се одмораме доволно, а многу луѓе страдаат од несоница. Иако се чини дека сме преуморни, секогаш може да биде полошо.
Можете ли да замислите да не спиете само неколку дена, а камоли неколку години? Па, виетнамскиот фармер Тај Нгоц ( 82) тврди дека не спиел 62 години.
Трауми од војната
Како што вели тој, оваа радикална промена се случила во 1962 година, за време на Виетнамската војна. Едноставно се разбудил еден ден и не можел да се врати да спие.
Дру Бински, познат јутјубер, пред неколку месеци го посетил Нгоц и го објавил својот разговор со него, а се интересирал како го поминува времето овој човек кој тврди дека не спиел 60 години.
– Патував во мало село на југот на Виетнам за да го најдам, да преноќам со него, да видам дали спие – рекол тој.
Нгоц истакна дека не ја знае причината за неговата повеќедецениска несоница. Тврди дека отишол на лекар, но дека немаат објаснување.
Секоја вечер го прави истото
Нгоц одвреме навреме пие уште малку оризово вино за да си го „исклучи“ мозокот. Понекогаш дреме по час или два, но ништо повеќе од тоа.
Тој оди во кревет секоја вечер, но спиењето едноставно никогаш не му доаѓа. И додека другите спијат, тој го поминува времето работејќи и правејќи вино.
Во разговор со јутјубер, Нгоц ги повика луѓето да му помогнат доколку имаат решение, а јутјуберот верува дека неговата состојба можеби е последица на шокот што го доживеал за време на војната во Виетнам.