Немилосрдниот телохранител на Меси, скокна врз момче: Истрча на теренот да се слика со Аргентинецот, а потоа налета на „горила“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами беа поразени од Синсинати со резултат 1:0 во натпреварот од МЛС.

Лионел Меси се врати на теренот откако пропушти четири натпревари поради повреда. Аргентинецот влезе во игра во 64. минута, но и со негова помош Интер не можеше да избегне пораз.

По завршувањето на натпреварот, забележана е несекојдневна сцена. Телохранителот на Меси скокна врз момчето кое истрча на теренот да се фотографира со идолот.

На силниот телохранител на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња не му беше грижа што станува збор за дете.

Сепак, Меси реши да се сретне со младиот навивач и да му дозволи да направат селфи заедно. Се потпишал и на дресот, по што телохранителот го извадил момчето од теренот.