Немири во Франција по убиството на тинејџерот: Воведен полициски час во Кламар (фото)

Во францускиот град Кламар, јужно од Париз во регионот Ил де Франс, од вечерва до 3 јули ќе биде воведен полициски час од 21 до 6 часот, соопштија локалните власти.

Полицискиот час има за цел да го воспостави редот по немирите што избувнаа претходно оваа недела, откако полицијата уби тинејџер кој не го запре својот автомобил во париското предградие Нантер, објавија властите на Твитер.

40.000 полицајци ќе бидат распоредени ширум Франција, вклучително и Париз, оваа вечер, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен.

За денеска во Нантер е планирана комеморативна прошетка за убиениот млад човек.

Да потсетиме, полицаец во Нантер, западно предградие на Париз, од непосредна близина го убил младиот човек Наел М.(17), кој бил запрен во својот автомобил поради сообраќаен прекршок. Загинал откако полицајците го запреле и го застрелале во сообраќајот.

Младиот доставувач бил застрелан по расправија со полицијата, која тврдела дека тинејџерот удрил со својот автомобил во нив.