НЕМОРАЛНА ПОНУДА – Студентка побарала од сопственикот да ја намали цената за изнајмување, но неговиот одговор е шокантен: “Малку ќе ги рашири нозете и…“
Уредниците на босанско-херцеговскиот портал Црна-Хроника ги контактирала незадоволна студентка од Мостар која нашла стан под кирија преку интернет платформа за продажба и купување.
Сè и изгледало во ред, додека не стапила во контакт со наводниот сопственик на станот, пишува медиумот.
По неколкуте пораки што ги размениле за техничките карактеристики на станот, се обиделе да се договорат за цената. Бидејќи студентката морала да живее сама, побарала да се намали цената од 500 марки, барем на 350 марки.
„Бев среќна кога кажа дека може да ја намали цената, а потоа следеше шокантна порака“, рекла револтираната студентка за порталот Црна-Хроника, на која дала фотографии од преписката со сопственикот на станот, од кои може да се прочита дека мажот бил за пониска цена на станот, но за возврат очекувал сексуални услуги од студентката.
„Можеме да се договориме ако сакаш“, ѝ напишал потенцијалниот станоиздавач кога таа го прашала дали цената може да биде малку пониска бидејќи таа ќе биде сама во станот.
„Некогаш ќе навратам кај тебе, малку ќе ги рашириш нозете и ја добиваш цената која ја сакаш, никој ништо нема да знае, убаво за тебе, убаво за мене. Ајде да се забавуваме, дефинитивно ми се допаѓа празниот стан. Не мора ни да платиш ништо“, била понудата, на која студентката брзо одговорила:
„Не, благодарам, не се продавам за 50 квадратни метри. Најдете некоја да ви ги рашири нозете и да не плаќа кирија. И кога ќе објавиш оглас, веднаш наведи го ова како услов“, му одговорила таа.
„Ти дадов навистина прекрасна понуда, се би било било убаво, но ете ти…“, разочарано го завршил разговорот мажот.
Како што потврдија за порталот од Министерството за внатрешни работи на БиХ, овој случај не е пријавен во полиција.