“НЕНАЈАВЕНО ОТСУСТВО, НЕШТО НЕ Е ВО РЕД!“ – Си Џинпинг не се појави на првиот ден од Самитот на БРИКС: Што се случува ?!

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, денес не се појави на првиот ден од Самитот на БРИКС во Јоханесбург, а неговиот говор го прочита кинескиот министер за трговија, Ванг Вентао.

Иако пристигна во Јужна Африка во понеделникот вечерта, Си Џинпинг го прескокна првиот ден од Самитот, но од негова страна не беше дадено објаснување, пишува China Post.

Генералниот директор на Индо-Пацифичката програма на германскиот фонд Маршалов, Бони Глејзер, на социјалната мрежа Твитер напиша дека отсуството на кинескиот претседател може да значи дека нешто не е во ред.

Хорхе Гуахардо, поранешен амбасадор на Мексико во Кина, вели дека отсуството на Си Џинпинг треба да биде голема вест во медиумите.

Ненајавено отсуство, особено на мултилатерален форум што НР Кина ретко го пропушта, навистина е вонредна вест. Нешто дефинитивно не е во ред“, вели Хорхе Гуахардо.

Претходно во текот на денот, Си Џинпинг се сретна со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса и се очекуваше да присуствува на вечерата што ја приреди неговиот домаќин, но кинескиот претседател не се појави.