Необична грчка салата прогласена за најдобра на светот

Популарниот гастрономски водич Taste Atlas објави листа на 50 најдобро оценети салати во светот, а на оваа листа свое место најдоа две салати од Србија.

На прво место е грчката салата дакос, додека на третото место на листата се најде класичната грчка салата која кај нас во Македонија најчесто се јаде.

Омилената шопска салата на многумина, која потекнува од Бугарија, се најде на деветтото место.

Во продолжение погледнете го рецептот за најпопуларната салата во светот.

Состојки

  • 2 домати исечени на коцки
  • 10 маслинки
  • фета сирење исечено на коцки
  • оригано
  • маслиново масло
  • капер
  • сол
  • посилно печено пециво од јачмен

Начин на подготовка

Јачменското пециво потопете го во вода и исечете го на големи парчиња. Додадете ги сите состојки и измешајте, прелијте со маслиново масло и послужете ладно.