Неочекуваниот потег на Си во парламентот го изненади светот: “Ова покажува дека тој сака барем да води дијалог со САД!“

Кина го задржа гувернерот на централната банка и министерот за финансии на нивните позиции во неделата, а ова претставува неочекуван потег на годишната седница на парламентот на која приоритет беше континуитетот додека се наѕираат економските предизвици дома и во странство.

Претседателот Си Џинпинг, кој назначува сојузници на клучните позиции во услови на голема реконструкција на владата на почетокот на неговиот трет петгодишен мандат, ја прекрши конвенцијата да го задржи 65-годишниот Ји Ганг како гувернер на Народната банка на Кина (PBOC), и една година постариот Лиу Кун како министер за финансии, со оглед на тоа дека и двајцата ја достигнале официјалната возраст за пензионирање од 65 години.

Изборот за континуитет во овие клучни економски функции сугерира акцент на кредибилитетот и стабилноста“, посочи Мети Бекинк, директор за Кина во корпоративната мрежа Economist Intelligence.

Владата постави цел за економски раст од околу 5 отсто за 2023 година, наспроти 3 отсто лани, што е меѓу најслабите резултати во последните децении.

Најголемата промена на парламентарната седница беше промоцијата на Ли Кианг (63 г.), долгогодишен доверлив пријател на Си, а сега иден премиер.

Поранешниот прв човек на Комунистичката партија во Шангај ја презема улогата задолжен за управување со економијата, заменувајќи го Ли Кечијанг (67 г.), кој се повлече од функцијата по два петгодишни мандати.

Владата испрати позитивен сигнал до пазарот со задржување на овие високи финансиски експерти во кабинетот“, изјави  Џанг Живеи, главен економист во Pinpoint Asset Management.

„Тоа е, исто така, можеби премолчено признавање на некои од предизвиците за Пекинг во моментот“, посочи и надополни: „Вистинскиот предизвик за третата администрација на Си е дали ќе ги реши структурните нерамнотежи во кинеската економија и ќе ги преземе реформите потребни за да се обезбеди долгорочна конкурентност на Кина“.

Првиот човек на централната банка, образован во САД, Ји, кој беше назначен за гувернер на PBOC во 2018 година, се очекуваше да се пензионира откако беше изоставен од Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија за време на конгресот на партијата еднаш на секои пет години во октомври.

Аналитичарите предвидуваа дека кога Ји и Лиу ќе се пензионираат, ќе бидат заменети со луѓе со многу помало меѓународно искуство.